logo

Центар за рехабилитација на животни „Добриј Дом“

flag

Habarovska

Производи кои му се неопходни на засолништето

Конзервирана храна за мачки (2,4kg)

9,99€

Сува храна за мачки (10kg)

37,99€

Конзервирана храна за мачки (1,2kg)

5,99€

Сува храна за мачки (2kg)

11,50€

Неодамнешно купување

Product Е-маил
1

Сува храна за мачки

N****o@email.com
2

Сува храна за мачки

A****r@priest.com

За засолништето

Пријави грешка !

EMBED

General camera

amazon

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

aliexpress

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

„Добриј Дом“ претставува регионална јавна организација во Кабаровск, инволвирана во процесот на заштита на бездомните животни, а основана е во август, 2007 година. Организацијата главно се стреми кон давање на поддршка на бездомните животни кои се во исклучително тешка состојба. „Добриј Дом“ обезбедува основни медицински услуги, привремен дом и помош за наоѓање на нов дом за своите заштитеници. Организацијата е финансирана преку приватни донации и спонзорства. „Добриј Дом“ не поседува

Прочитајте повеќе

„Добриј Дом“ претставува регионална јавна организација во Кабаровск, инволвирана во процесот на заштита на бездомните животни, а основана е во август, 2007 година. Организацијата главно се стреми кон давање на поддршка на бездомните животни кои се во исклучително тешка состојба. „Добриј Дом“ обезбедува основни медицински услуги, привремен дом и помош за наоѓање на нов дом за своите заштитеници. Организацијата е финансирана преку приватни донации и спонзорства.
„Добриј Дом“ не поседува физички стационар, своја посебна територија или канцеларија. Организацијата ги користи услугите на таканаречените „привремени стационари“. Привремениот стационар обезбедува краткотрајно сместување за животните, се додека не ги вдоми нов сопственик. Со оглед на тоа што ресурсите на организацијата се ограничени, тие ги вдомуваат главно трауматизираните животни кои не се способни да преживеат во надворешната средина сами. Ова вклучува животни повредени во сообраќајни незгоди, животни со фрактури, лацерации, прострелни рани итн.
Во моментот, организацијата се грижи за околу 50 животни (мачки и кучиња) од кои мнозинството живее во изнајмени простории, што „Добриј Дом“ ги чини околу 4.000 Рубли месечно (без цената за медицинските и ветеринарните услуги). Некои од животните се чуваат во слободни засолништа, но и тие примаат финансиска помош од страна на „Добриј Дом“. Организацијата обезбедува храна, лекови и други потребни работи за животните во овој тип на засолништа.
Секое од животните згрижено од страна на „Добриј Дом“ има специфична животна приказна, полна со болка и страдање. Некои од нив се излечени, останатите сеуште се третираат, некои се прехрануваат со посебна диететска храна, а има и такви кои ќе мораат да примаат лекови до крајот на животот. Доколку сакате да ги прочитате посебните приказни за секое од овие животни ќе морате да го посетите официјалниот веб-сајт на организацијата, каде истите ќе ги најдете.
Организацијата има своја програма која се нарекува „Преференцијална Стерилизација на Животните“. Благодарејќи на оваа програма повеќе од 1000 бездомни животни беа стерилизирани во периодот од 2014-2016. Според „Добриј Дом“, во моментот, оваа програма е најдобар начин за решавање на проблемот со бездомни животни. Сепак, поради ограничените финансиски ресурси и високите цени за ветеринарните услуги, организацијата беше приморана да ја сопре програмата. Поради сето тоа, „Добриј Дом“ , заедно со Animals Life NET, ги повикува сите луѓе кои не се индиферентни спрема состојбата со бездомните животни да придонесат за собирање на средства за стерилизација на животните.

Сокриј

Центар за рехабилитација на животни „Добриј Дом“

flag

Русија, Habarovska