logo

Заедничко место за живот на мачки во Барселона

flag

Barcelona

Останати камери во засолништето

cameras

Заедничко место за живот на мачки во Барселона

flag

Шпанија, Barcelona

amazon

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

aliexpress

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

„Гатуари“ претставува непрофитна организација основана во Барселона кон крајот на 2015 година, која има за цел да им даде втора шанса на „невидливите“ мачки кои потекнуваат од различни стационари низ државата. Невидливи се оние мачки кои подолго време остануваат непосвоени, поради одредена причина. Најчесто тоа се оние мачки со црно крзно, стари или срамежливи мачки или оние со посебни потреби. Здружението се стреми да им помогне на мачките кои толку долго чекале да бидат спасени од засолништата. Проблемот со спасување на животните е ургентна задача во државата поради големиот број на напуштени животни.
„Гатуари“ е заедничко место за живеење за мачките. Местото е тивка и релаксирачка соба каде мачките може да уживаат во текот на денот, додека чекаат за нивниот конечен дом и семејство. Посетителите можат во секое време да доаѓаат и своето време квалитетно да го искористат играјќи со мачките. Некои од животните сакаат да играат или да се галат, а некои само да спијат. Без разлика, во „Гатуари“ има за секого по нешто. Додека се во засолништето, посетителите слободно можат да пијат кафе, чај или вода. Билетот за влез вклучува Wi-Fi конекција и мала полица полна со книги за мачки и останати животни, за млади и возрасни читатели.
Оние кои се заинтересирани за вдомување потребно е да го посетат засолништето повеќе пати, со цел подобро да го запознаат потенцијалниот нов член на семејството и да создадат меѓусебна поврзаност со него или неа. Исто така, посвојувачите треба да посетуваат основен курс за одгледување на мачки за да се осигура одговорното одгледување на истите.
„Гатуари“ е едукационен центар, каде може повеќе да се научи за мачките. Засолништето нуди информации за ветеринарни проблеми, однесувањето на мачките и комуникацијата, нутрицијски информации итн. Добредојдени се сите останати корисни информации и работилници, особено оние кои се однесуваат на благосостојбата на животните и подигањето на свеста во врска со бездомните животни, екологијата, одговорното конзумирање и останати теми од таков тип. Поддржувајќи го проектот, вклучително се нудат и останати типови на активности (како на пример јога и благосостојба на умот), кои се совпаѓаат со начинот на живот на мачките.

Неодамнешно купување

Производи кои му се неопходни на засолништето