logo

Засолниште „Lesnoy Priyut“

flag

Москва

Производи кои му се неопходни на засолништето

Биоразградлив тоалет за мачки (10л)

7,80€

Неодамнешно купување

Product Е-маил
1

Биоразградлив тоалет за мачки

n****d@yandex.ru
2

Сува храна за мачки

o****r@mail.ru

За засолништето

Пријави грешка !

EMBED

General camera

amazon

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

aliexpress

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

Добротворниот фонд за помош на бездомни животни “Lesnoy Priyut” (Шумско Засолниште) започна со работа во август 2009 година. Фондот беше креиран со цел да се обезбеди адекватна помош за бездомните, напуштени и болни животни. Во моментов, засолништето вдомува околу 200 миленичиња, заедно кучиња и мачки. За сите животни се грижат вработените и волонтерите кои се стремат да обезбедат соодветни услови за живот, медицински третман и социјализација за сите миленичиња, со

Прочитајте повеќе

Добротворниот фонд за помош на бездомни животни “Lesnoy Priyut” (Шумско Засолниште) започна со работа во август 2009 година. Фондот беше креиран со цел да се обезбеди адекватна помош за бездомните, напуштени и болни животни. Во моментов, засолништето вдомува околу 200 миленичиња, заедно кучиња и мачки. За сите животни се грижат вработените и волонтерите кои се стремат да обезбедат соодветни услови за живот, медицински третман и социјализација за сите миленичиња, со што поголема удобност на живеење колку што условите дозволуваат.

Сите животни кои го наоѓаат својот пат до засолништето се стерилизираат и вакцинираат. Засолништето е приватно и не е финансирано од страна на државата или општината, затоа сета помош ќе биде примена со раширени раце.
Важна задача за вработените во засолништето е да ги дадат милениците на вдомување кај сигурни и грижливи нови сопственици. Повеќето од згрижените животни во засолништето се поранешни домашни миленици кои подоцна биле исфрлени на улица или изгубени од страна на првите сопственици, а поради тоа „Шумско Засолниште“ цели кон обезбедување на подобар, посреќен живот за нив. Од неговото отворање, 1239 животни нашле нов дом.
Освен грижата за животните во засолништето и управувањето со истото, стремежот е насочен и кон информирање на луѓето за нивниот хуман и одговорен став према животните, како и кон консултација со сопствениците на животни за грижата за милениците.

Можете и вие да го потпомогнете засолништето, со купување на потребните продукти кои ќе бидат доставени до истото по процесираната продажба. Погледнете подолу што сé му е потребно на засолништето и не заборавајте да ја споделите информацијата со вашите пријатели за можноста за помагање на животните.

Сокриј

Засолниште „Lesnoy Priyut“

flag

Русија, Москва