logo

ЗАСОЛНИШТЕ “NUARAS”

flag

Клайпеда

Останати камери во засолништето

cameras

ЗАСОЛНИШТЕ “NUARAS”

flag

Литванија, Клайпеда

amazon

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

aliexpress

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

„NUARAS“ организацијата цели да обезбеди место за било кое животно што нема дом, што е повредено или изгубено, со најдобрите услови што може, се додека не се најде нов дом полн со љубов и одговорни сопственици или не се вратат на стариот сопственик. Тимот на NUARAS воглавно работи со кучиња и мачки, но исто така, овозможува нега или ветеринарен третман и за диви животни и птици, во соработка со Асоцијацијата за благосостојба на животните. Организацијата има направено значителен придонес во намалувањето на бројот на скитници низ цела Литванија. “Nuaras” има засолништа во три литвански градови: Каунас, Клаипеда и Алитус. Сите кучиња и мачки од овие засолништа се вакцинирани и поголем број од нив се стерилизирани. Засолништата ги имаат на располагање некои од најдобрите специјалисти со многу знаење во однос на третманот и грижата за животните.
Засолништето “Nuaras” во Клаипеда се вика „Западно литванско засолниште за животни“ ( “Vakarų Lietuvos gyvūnų globos namai”- West Lithuanian Animal Shelter) и е отворено во 2011 година. Во периодот помеѓу 2014 и 2015, ова засолниште пронашло нов дом за 674 бездомни животни и соединило 94 изгубени миленици со своите сопственици. Во моментот, “Nuaras” има околу 400 бездомни животни во сите свои засолништа.
Посетителите се секогаш добредојдени да волонтираат или да поминат некое време со милениците, бидејќи на нив сигурно им недостига внимание од луѓе. Меѓутоа, никогаш не се тука предолго- жителите во собата за мачки и во собата за кучиња се променуваат скоро секоја недела и вие ќе имате можност да го видите тоа и на двете камери за пренос во живо.
Сакате и да посвоите миленик? Секогаш можете да дојдете во засолништето и да си го побарате новиот пријател, или ако не сте во можност да дојдете, купете некои од работите кои се потребни во засолништето, а кои можете да ги најдете подолу на страната и нашиот тим ќе ги достави токму таму.

Неодамнешно купување

Производи кои му се неопходни на засолништето

Сува храна за кучиња (10kg)

39,99€

Large Package 10kg+14l

50,00€

Small Package 400g+6*70g+1pc

10,00€

Medium Package 2kg+5kg+12*70g

25,00€

Песок за тоалет за мачки (14л)

13,39€