logo

ЗАСОЛНИШТЕ "PESALEIDJA"

flag

Естониja, Tallinn

Останати камери во засолништето

cameras

ЗАСОЛНИШТЕ "PESALEIDJA"

flag

Естонија, Естониja, Tallinn

“Pesaleidja” е основана во пролетта во 2009 година како непрофитна организација во Естонија, со цел да им помага на бездомните и малтретираните животни. Претставува најголемото засолниште управувано од волонтери, кое згрижува повеќе од 300 мачки и кучиња во самото засолниште и во домовите за грижа.
Целта на “Pesaleidja” е да им помогне на бездомните и малтретирани животни, овозможувајќи им привремен дом со поддршка и грижа. Неверојатната соба за мачки, која се гледа на преносот во живо, беше отворена во Талин во областа Мустамае во 2012. Дневно, стационарот згрижува повеќе од 300 мачки за кои се грижат волонтери.
Најзначајниот придонес од организацијата се домовите за грижа за милениците, кои ги обезбедуваат самите волонтери. Како што велат самите претставници: „Организацијата вклучува луѓе кои им помагаат на бездомните животни во нивното слободно време и тоа го прават абсолутно волонтерски. Не добиваме никакви финансиски или комерцијални бенефиции од тоа што го правиме, но тоа што добиваме е благодарноста и љубовта од самите миленици, што е многу поважно.“
Сите мачки во домовите за грижа, како и во засолништето, примаат терапија за цревни паразити и добиваат дополнителен третман ако има потреба од тоа. Посвојувањето на животни од засолништето не е толку лесно- новиот сопственик треба да пополни формулар, кој ќе биде евалуиран и само тогаш тој или таа ќе може да добијат нов пријател дома. Процесот е малку комплициран, но тоа е затоа што е потребно да се елиминираат ситуациите кога сопственици посвојуваат миленик од засолништето и потоа повторно го напуштаат.
И покрај тоа што организацијата “Pesaleidja” работи низ цела Естонија, се уште е управувана само од волонтери. Затоа е многу важно да им се помогне. Ваквите организации напредуваат само благодарение на посветеноста, страста и љубовта кон животните од страна на ентузијастите за спас на животните кои се секогаш во потреба од поддршка, и можете да бидете сигурни дека вашата помош ќе биде искористена за добра цел. Купете некој од потребните производи за засолништето во продавницата подолу на страната.

Неодамнешно купување

Product Е-маил
1

Конзервирана храна за мачки

m****o@hotmail.com
2

Конзервирана храна за мачиња

o****s@mail.ru

Производи кои му се неопходни на засолништето

Конзервирана храна за мачки (2,4kg)

9,99€

Сува храна за мачки (10kg)

37,99€

Конзервирана храна за мачиња (0,42kg)

4,99€

Конзервирана храна за мачки (1,2kg)

5,99€

Сува храна за мачиња (2kg)

12,99€