logo

Фондација „Bottyan Equus Hungari“

flag

Őrbottyán

Фондација „Bottyan Equus Hungari“

flag

Унгарија, Őrbottyán

Помогнете го проектот Animalslife.NET

Изберете го износот на еднократна исплата или се претплатите:

секој месец

еднаш

€1

€5

€10

€20

€25

€50

€100

amazon

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

aliexpress

Помогнете им на животните

Купувајте со нас

Фондацијата „Bottyan Equus Hungari“ е семејна фондација која е официјално регистрирана во 2001 година. Претставува единствен стационар во Унгарија специјализиран за спасување на стари, злоупотребени и повредени коњи. Покрај нив, и многу кучиња, мачки и останати домашни животни својот дом и засолниште го наоѓаат во стационарот.

Една од главните цели на засолништето е детектирање и наоѓање на места каде коњите се чувани во лоши услови, што е потенцијална опасност за нивното здравје и животот.

Стационарот се стреми да ги едуцира луѓето и да ги натера да сфатат дека животните, подеднакво како и луѓето, патат и љубат на ист начин.
Секоја личност треба да научи на кој начин треба правилно да ги одгледува и третира животните, да го спознае нивниот карактер, да ги заштити и да се грижи за нив.
Како додаток на спасувањето на животните, организирањето на нивната рехабилитација и згрижувањето, уште една цел на стационарот е да ги учи децата, младите личности, па и постарите да ги почитуваат природата и животните.

За исполнување на мисијата наа засолништето, во адиција на големиот ентузајазам потребно е да се обезбеди и финансиска поддршка, која исклучително тешко е достапна за едно мало семејство, кое воедно е и непрофитна организација.

Покрај останатите планови, стационарот планира да ги реновира дрвените делови од коњските ергели и стариот дел на шталата, како и да го зголеми згрижувалиштето за кучиња, што ќе биде од особено значење за благосостојбата на животните. За жал, реализацијата на овие планови секоја година се одложува поради релативно малиот буџет на стационарот.

Доколку сте заинтересирани за работата на засолништето и сакате да ги посетите животните во истото, не се двоумете да ги контактирате вработените!
Ви благодариме за Вашето винаминие!

Неодамнешно купување

Производи кои му се неопходни на засолништето